Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик објави „Мета“. Причината, како што е наведено во известувањето за поништување објавено на Порталот за јавни набавки, е поради тоа што не била поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда за набавката​.

Со огласот (бр. 03756/2025), објавен на 5 март 2025 година, Владата бараше компанија што ќе изработи сеопфатен софтвер кој ќе врши мониторинг на медиумите – електронски, печатени, онлајн и објави на социјалните мрежи – и ќе ги оценува содржините како позитивни, негативни или неутрални. Дополнително, се бараше и дневен извештај до 9 часот следниот ден со детални податоци за медиумските објави, вклучително и име на медиумот, авторот, содржина и линк до оригиналниот извор​.

Планираниот систем требаше да биде опремен со вештачка интелигенција, да биде достапен преку мобилна апликација, како и да функционира и offline за делот со транскрипција на говор во текст. Софтверот, според техничката спецификација, беше наменет за потребите на околу 30 државни институции и политички органи.

Поништувањето на постапката значи дека Владата, засега, нема да располага со ваков систем.

Владата ќе го следи новинарството и социјалните мрежи, за да се поправела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот