
Поминаа 24 часа од исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ – ќе помогне ли системот „Пронајди ме“?
Поминаа 24 часа од исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ од Бањско Поле, која од вчера во 13 часот и 45 минути и се губи секаква трага.
Препорачано
Во потрагата по девојчето се вклучени полицијата, пожарникарите и припадниците на Планинарската спасувачка служба, но и доброволци. Во текот на ноќта, хеликоптер надлетувал над подрачјето на Бор, а полицијата со дронови ја пребарува околината на Бањско поле.
По нејзиното исчезнување, во Србија за првпат е активиран системот „Пронајди ме“ (Amber Alert), наменет за итно јавно известување во случај на исчезнување на малолетно лице.
Тој овозможува брза дистрибуција на информации до сите граѓани, кога полицијата ќе оцени дека нивното објавување би придонело за пронаоѓање на детето.
Итното известување вклучува испраќање пораки за исчезнувањето со сите релевантни информации, со прекинување на ТВ и радио програми, испраќање СМС пораки до сите граѓани, прикажување на екраните на автопатите, аеродромите, железничките и автобуските станици.

Системот „Пронајди ме“ во Србија беше активиран во ноември месец се со цел брзо пронаоѓање на исчезнати лица и како превенција од киднапирања. Во 2020 година во Србија се трагаше по 12-годишно девојче кое беше киднапирано од Илија Јовановиќ. Јовановиќ кој подоцна беше станат попознат по прекарот „Малчански берберин“ киднапираше 12-годишно девојче во Ниш на пат кон училиште, со измама во автомобил, претставувајќи се како нов школски мајстор кому требаше да му го покаже патот до училиштето. Берберот од Малча со неа помина девет дена во селата околу, а потоа ја оставил во напуштена викендичка, каде што беше пронајдена. Тој продолжи со бегството, а по 17-дневна полициска и воена потера беше пронајден на гробиштата во неговото родно село Малча.
Во Македонија, системот „Најди ме“ е активен од декември 2023 година. Но за среќа сеуште нема креиран профил на исчезнато лице.
Како треба да функционира системот „Најди ме“ во Македонија објасни проектната координаторка Александра Радевска неколку дена во по активирање на системот. Радевска изјави дека првиот чекор што се презема откако некој ќе креира профил е проверката во МВР. Таа вели дека системот е примарно воспоставен за алармирање за исчезнати деца, но приоритетот за алармирањето го одредува полицијата зависно од тоа дали животот на детето е под ризик. Во некои случаи, вели таа, побезбедно за животот на детето е да не се алармира. Принципот на кој работи „Амбер алерт“ во светот е според стандарди. Стандардите осигуруваат дека системот не се користи премногу често, бидејќи може да создаде и контраефект – јавноста да се десензибилизира. Сепак, се работи за доста корисна алатка за брзо пронаоѓање.
-Ако утврдиме дека лицето за кое е пополнета пријава е пријавено за исчезнато, тогаш профилот го објавуваме на нашата страница и на сите дигитални платформи (профилите на социјалните мрежи) кои ги имаме а кои се поврзани со системот за алармирање. Веќе воспоставивме соработка со Комерцијална банка на чии банкомати, на нивните дигитални дисплеи ќе се појавува фотографија од лицето. Истото ќе се случува и во такси компаниите од групацијата на такси превозници на Град Скопје. Во автобусите на ЈСП на дисплеите ќе се појавува фотографијата и информацијата. Во соработка со ХОТАМ, здружението на хотелиери и ресторани, договорено е да имаат информации за исчезнатите, вели Радевска за „Слободен печат“.
Во Македонија над 40 лица фигурираат на листата на МВР на исчезнати лица но најголемо внимание од нив привлече исчезнувањето на тогаш десетгодишниот Петар Џобески кој исчезна на 25 февруари 2022 година во прилепското село Врпско, во чија потрага учествуваше македонската полиција и војска.