Интерни клиники и токсикологија / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Помалку пациенти на Токсикологија во новогодишната ноќ, најмладиот на 14 години

НАјмладиот примен пациент на Токсикологија во текот на новогодишната ноќ имал само 14 години. Но во споредба со минатите години примени помалку пациенти. Директорот на клиниката, д-р Андон Чибишев, вели дека вкупно 22 пациенти побарале медицинска помош. Од нив 18 се поради труења со алкохол. Сите пациенти се пратени на домашно лекување.

„Најмладата пациентка меѓу жените има 17 години, додека најстарата е на 26 години. Кај мажите, најмладиот пациент има 14 години, а најстариот е 38 години,“ додаде директорот на клиниката Андон Чибишев.

Меѓу пријавените случаи има и пациент кој измешал алкохол со таблети, што дополнително го усложнило неговиот случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот