
Полувреме: Македонија има три голови негатива против Холандија во Вараждин
После првото полувреме во Арената Вараждин македонската сениорска машка ракометна репрезентација во рамките од второто коло во прелиминарната фаза на Светското првенство има негатива од „минус три“ против Холандија (15:18).
Препорачано
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаат повторно голема поддршка од трибините.
Како и на дуелот против Унгарија, така и овојпат нашите најдобри ракометари на мечот против „лалињата“ влегоа без страв и со голема борба пристапија кон голем резултат.
На спротивната страна најголемото „оружје“ на Холандија беше брзата транзиција која ни правеше проблеми.
Двете селекции се менуваа во водство, разликата не одеше повеќе од 1-2 голови разлика. Држевме егал до последните пет минути кога непотребно влеговме во низа грешки. Водевме со 13:12, но потоа Холанѓаните влегоа во серија од четири погодоци и на пауза отидоа со водство од 18:15.
Кузмановски со четири погодоци е најефикасен во нашата селекција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
9час
-
10час
-
10час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5