Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Политико: Урсула фон дер Лајен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија Урусла фон дер Лајен се соочува со критики, откако јавноста дозна дека портапролот на Еврокомисијата Бјорн Сајберт наместо неа ја одбил официјалната покана за посета од украинскиот претседател Володомир Зеленски, што претставува кршење на дипломатскиот протокол.

Како што јави бриселски Политико, повикувајќи се на неименувани дипломати, Зеленски ја повикал Фон дер Лајен да ја посети неговата земја по повод 30 години независност, но наместо неа, на поканата одговорил нејзиниот портпарол и лично се потпишал, што е кршење на правилата.

Критичарите посочуваат дека како причина за одбивање е посочена „презафатеност” иако поканата се однесува на 23 и 24 август, кога се намалени активностите на европските институции поради летната пауза.

Политико посочува дека со одбивањето на поканата, меѓу дипломатите во Брисел се доведува во прашање посветеноста на Фон дер Лајан за поддршка на Украина, посебно во момент на тензии меѓу таа земја и Русија.

Засега нема коментар од Европската комисија, ниту од Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот