Политико: ЕК планира голема реорганизација на администрацијата до 2026 година

Европската комисија планира сеопфатна реорганизација на својата администрација до почетокот на следната година, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се залага за реструктуирање за зголемување на ефикасноста и намалување на оперативните трошоци на администрацијата, пишува Политико, повикувајќи се на интерен документ што го видела.

Според документот, на европскиот комесар за буџет и јавна администрација, Пјотр Серафин, му е доделена задачата за „сеопфатна ревизија на организацијата и функционирањето на Комисијата, со компаративна анализа со надворешни стандарди“.

Според Политико, целта е да се воспостави „модерна и ефикасна јавна администрација способна за спроведување на политичките приоритети“, а воедно да се прилагоди на новата реалност на непредвидливост, намалувајќи ја сложеноста и трошоците, пренесува Танјуг.

Двајца претставници на Комисијата, зборувајќи под услов на анонимност, рекоа дека се разгледуваат алтернативни модели, вклучително и можноста за спојување на одделите. До крајот на 2026 година, Комисијата планира да ги елиминира „непотребните процедури“ и да поттикне „заедничка работа“, по сеопфатна анализа на распределбата на одговорностите во рамките на институцијата.

На есен ќе биде формирана и работна група на високо ниво за давање совети за време на процесот, додека формалниот почеток на прегледот е планиран за крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година, според „Политико“.

Портпаролот на Комисијата потврди за порталот во Брисел дека експертската група ќе има помеѓу седум и девет члена, главно од јавниот или полујавниот сектор и академијата, со експертиза во областите на дигитализација и реформа на јавната администрација.

Европската комисија, која го извршува поголемиот дел од секојдневната административна работа на ЕУ, вработува околу 32.000 луѓе кои работат на различни аспекти на бирократијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот