Фото: Илустрација

Полицијата конфискуваше голема количина шверцувани лекови во Витина

Слобoден печат веќе објави дека на црниот пазар на Косово се продаваат лекови за ковид – 19, Ремдесивир. Фавира и други замени по цена од 500 евра за кутивче.

Pолициска единица во Витина, град од општината Гњилане, приведе маж кој во автомобилот пренесувал лекови за кои немал потребна документација.

„Полициската единица го запре автомобилот со локални регистарски таблички управуван од осомничен маж од Косово. При контрола на возилото, пронајдена е значителна количина на лекови (197 артикли во вкупна количина од 1815 пакувања) без документација за нивно купување и потекло“, објави косовската полиција во 24-часовниот билтен.

„Фавира“ достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

Со одлука на обвинителот, осомничениот е приведен. За сега нема информации точно какви лекови се конфискувани. Слободен печат веќе објави дека на црниот пазар на Косово се продаваат лекови за ковид – 19, Ремдесивир, Фавира и други замени по цена од 500 евра за кутивче.

 

Лекот „Ремдесивир“ што лекува Корона не се продава во аптека

Косово со години наназад има сериозен проблем со шверцот на лекови. Официјални лица од царината на Косово алармираа дека лековите се лесни за шверцување бидејќи се многу скапи а имаат мали димензии. Според царинските податоци само во првото тромесечје од минатата година конфискувани се шверцувани лекови во вредност од над 50 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!