Фото: МВР

Полицискиот возен парк подновен со шест нови возила

Министерството за внатрешни работи се поднови со шест нови возила. Две моторни возила се од типот Dacia Duster и четири моторни возила Dacia Sandero Stepway, произведени во 2024, опремени со полициски ознаки и со дополнителна опрема.

Возилата се донација од Републичкиот совет за безбедност на Сообраќајот на патиштата.

„РСБСП во рамки на неговата законска надлежност во соработка со МВР, денеска овозможи да се зголеми обемот на возила којшто го имаме на располагање во министерството. Шесте возила ќе бидат користени во рамки на СВР Скопје во рамки на увидната екипа и сообраќајната полиција. Се надевам дека со тоа ќе ја зголемиме брзината на реакција во рамки на вршењето на увидните активности на ниво на градот Скопје. Во иднина преку РСБСП или други институции ќе бидат набавувани полициски обележени возила со цел нивна поголема видливост а со тоа и поголемо чувство на безбедност на граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.

Фото: МВР

РСБСП ги набави возилата и опремата во согласност со обврската дел од овие средства да ги намени за набавка на опрема за осовременување на службите на МВР кои се грижат за безбедноста на сообраќајот, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Претседателката на РСБСП, Кожуваровска истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБПС и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот