Моторџии/Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Полицијата за шест часа казнила 232 мотоциклисти

Во рамки на засилените контроли за поголема безбедност во сообраќајот, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон возачите на мотоцикли. Контролата е реализирана на 9 јули 2025 година, во периодот од 16 до 22 часот, на територија на цела држава. Притоа, санкционирани се вкупно 232 возачи на мотоцикли.

Како што информираат од МВР, кај 97 од нив е утврдено дека не носеле заштитна кацига, 77 управувале мотоцикл без возачка дозвола, а осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. Дополнително, за време на контролата се регистрирани и 164 други видови сообраќајни прекршоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот