Дивата депонија во Кичево

Полицијата во Кичево фати камиони на „Комуналец“ на дива депонија, на распит е повикан и директорот

По шестмесечните протести на граѓаните на Кичево против дивата депонија која се наоѓа во урбаниот дел на градот, денеска реагираше и полицијата – екипи од МВР на депонијата во халите на поранешниот керамички комбинат „Вранештица“ затекнале повеќе возила на општинското претпријатие „Комуналец“ како незаконски истовараат отпад.

По ова, на распит во полицијата биле повикани десетмина вработени во комуналното претпријатие, меѓу кои и директорот Зендел Јонузи, кој со „Комуналец“ раководи десет години. Полицијата исто така повикала и инспектори за заштита на животната средина, кои изготвиле записник за нелегалниот истовар на отпад на местото, каде според граѓанските активисти дневно завршуваат по околу 20 тони отпад од градот.

Дивата депонија во Кичево зафаќа околу 9.000 квадратни метри. Таа се наоѓа меѓу населбите Иванидол и Центар-2.

Жителите на Кичево пет години чекаат да се реши овој горлив проблем кој претставува и здравствен ризик од разни видови на загадувачи кои завршуваат на депонијата. Тие се исплашени за своето и здравјето на своите деца, бидејќи по секое палење на депонијата, како што велат еколошките активисти, се шират екстремно отровни материи како диоксините и фураните, кои се сериозна закана по здравјето на луѓето, особено на оние кои живеат во непосредна близина на депонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот