Илустративна фотографија за лекови / Фото: Pexels

Полицијата уапси двајца светиниколци со 392 таблети опиоиди во автомобил – еден бил затвореник на отсуство

Полицијата уапси двајца мажи од Свети Николе во четвртокот, откако во автомобил пронашла 392 таблети од опиоидот бупренорфин, а се испостави дека едниот од нив бил на седумчасовно отсуство од затвор.

„На 2 октомври 2025 година во с.Скачковце, кумановско, полициски службеници ги лишија од слобода 45-годишниот Ј.С.(45) и 29-годишниот М.М., двајцата од Свети Николе. При контрола на патничко возило ‘пежо’ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.С., а сопатник бил М.М., кај М.М. се пронајдени и одземени 14 кутии или 392 таблети бупренорфин,“ соопшти полицијата.

Подоцна полицијата утврдила е дека М.М. издржувал затворска казна во затворот „Штип“ и дента бил пуштен на седумчасовно отсуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот