Полиција / илустрација / Фото: Општина Центар

Полицијата уапси четворица пијани возачи

Полициски службеници утринава во 1:48 часот во Кочани го лишиле од слобода Т.С.(36) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај сопреле патничко возило, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта.

Исто така, во 2:40 часот на уицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода З.М.(35) од село Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „чироки“ со италијански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,00 промили алкохол во крвта.

Вчера, пак, во 13:25 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.(39) од Штип. При контрола во патниот сообраќај тие сопреле товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,36 промили алкохол во крвта.

Вчеравечер во 2:49 часот на уицата „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(55) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвт.

Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот