
Полицијата трага по велешанец кој синоќа усмрти девојче на пешачки премин
Велешката полиција го пронајде возилото „Мерцедес” со велешки регистерски таблички, а се’ уште трага по 29-годишниот А.Н. кој е осомничен дека доцна синоќа околу 22:15 часот на пешачки премин на ул „Борис Трајковски” во близина на ООУ „Васил Главинов” во Велес усмрти 11 – годишно девојче и ја повреди нејзината 43 – годишна мајка Е.И.
Препорачано
Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес појаснува дека во несреќата малолетничката починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека со телесни повреди се здобила 43- годишната Е.И, констатирани во болницата во Велес.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и екипа на СВР Велес.
-По превземените мерки возилото беше најдено и се превземаат мерки за расчистување на случајот, појаснува Самарџиев.
Како што информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес мајката имала отворена рана на глава и повреда на потколеница. Повредеите биле санирани, а утрово била исратена на домашно лекување.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
15мин
-
26мин
-
34мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5