
Полицијата пронајде културни добра под државна заштита во „пасат“, приведени се петмина
Петмина од Скопје, Ново Село и од Свети Николе ќе одговараат пред законот, откако во автомобил биле пронајдени предмети што се водат како културно наследство и добра под привремена заштита. Еден човек е осомничен за присвојување на добрата, а останатите четворица за помагање во кривичното дело.
Препорачано
„СВР Штип поднесе кривична пријава против 56-годишниот М.Ш. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости’ и против Д.Н. (55), 66-годишниот Н.И. од Скопје, 42-годишниот З.А. од Ново Село и 45-годишниот В.К. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘помагање’ во врска извршено кривично дело ‘присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости’,“ соопшти полицијата.
Од полицијата информираат дека во средата во Свети Николе било запрено возило „фолксваген пасат“, со кое патувале осомничените.
При претресот во возилото биле пронајдени предмети што спаѓаат во културно наследство и се под привремена заштита.
Според истрагата, останатите четворица му помагале на главниот осомничен со тоа што му дале возило и учествувале во прикривањето и превозот на предметите.