Полицијата го приведе возачот на автомобилот кој влета во толпата во Ливерпул

Полицијата во Мерсисајд соопшти дека е уапсен 53-годишен бел маж со британско потекло од областа на Ливерпул, објави Би-би-си.

Би сакале да ги замолиме граѓаните да не шпекулираат за околностите на вечерашниот инцидент на улицата Вотер во центарот на Ливерпул. Можеме да потврдиме дека уапсениот маж е 53-годишен бел маж со британско потекло од областа на Ливерпул. Во тек е обемна истрага за да се утврдат околностите што довеле до судирот. Ги молиме граѓаните да не споделуваат вознемирувачка содржина онлајн, туку да ни испраќаат снимки или информации директно на MerPolCC или да ги пријават информациите со повик на 101, наведувајќи го бројот за пријавување 784. Информациите може да се пријават и анонимно преку 0800 555 111“, порачуваат од полицијата.

Апсењата се случија откако автомобил влета во толпа луѓе за време на победничката парада на ФК Ливерпул за прослава на освојувањето на Премиер лигата.

ВИДЕО | Страшна сцена во Ливерпул: Автомобил влета во толпата навивачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот