Дијана Хркаловиќ / Фото: Архива на „Слободен печат“

Полицајката што го штитела Беливук пуштена од притвор

Поранешната државна секретарка во српското Министерство за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ денеска е пуштена да се брани од слобода, објави „Нова“. Хркаловиќ беше во притвор од 15 октомври годинава.

Веста за нејзиното ослободување од притвор ја потврдија нејзините адвокати, Ахмед Делимеѓац и Ненад Тасиќ.

Инаку, Обвинителството за организиран криминал денеска поднесе обвинителен акт против Хркаловиќ поради сомнение дека сторила кривично дело „трговија со влијание“.

Таа се товари за „трговија со влијание“ во случајот со убиството на каратистот Властимир Милошевиќ, но и за незаконското прислушување на Дарко Елез.

Во обвинението што денеска го поднесе Обвинителството за организиран криминал се опфатени и нејзините поранешни соработници – поранешниот шеф на Службата за специјални истражни методи Дејан Миленковиќ, како и поранешниот шеф на новосадската полиција Милорад Шушњиќ. Миленковиќ и Шушњиќ се обвинети за злоупотреба на службената положба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот