Фото: Управа за извршување санкции / Фејсбук

Полицајци со „Јети“ во карамбол во Куманово, двајца се повредени

Двајца полицајци вчера се повредени во Куманово, кога со службениот автомобили учествувале во сообраќајна несреќа со уште две други возила, соопшти МВР.

„На 04.08.2025 во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот – двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот