Автоматска пушка АК-47 / илустрација / фото: Wikimedia Commons

Полицаец за малку ќе се убиел, прегледувал автоматска пушка и му пукнала во раце

Полицаец во Велес вчера предизвикал инцидент кој можел да биде многу опасен, кога при преглед на автоматска пушка, таа му испукала во раце, а куршумот завршил во таванот од просторијата.

– Вчера во 12.30 часот во просторијата за технички преглед во СВР Велес, полициски службеник од Полициската станица Велес, при технички преглед на лично и формациско оружје, од автоматска пушка испукал еден куршум во таванот на просторијата, во која биле уште двајца полициски службеници, информираат од МВР.

Полицијата соопшти дека нема повредени лица, а за настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот