
Полицаец од Чаир здиплил 11 лични карти, документите исчезнале
Полицаец од Полициската станица Чаир доби кривична пријава откако потпишал и подигнал 11 лични карти без да ги достави понатаму, со што на граѓаните им била нанесена материјална штета и им било ограничено правото навремено да ги добијат документите.
Препорачано
Полицискиот службеник Д.С. се сомничи за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.
Според пријавата, полицискиот службеник во просториите на Одделението за управни работи Скопје потпишал и подигнал 11 лични карти и список со извештај за скенирани документи на жители од подрачјето на ПО Мировци во Чучер Сандево.
Наместо да ги достави во полициското одделение, за да можат граѓаните навремено да ги подигнат, тој не ги предал, ниту, пак, ги евидентирал, по што било утврдено дека документите исчезнале.
Со ваквото постапување, на граѓаните им е нанесена материјална штета и им е ограничено правото навремено да дојдат до личните карти.
Полицијата најави и дисциплинска постапка против осомничениот, кој ќе биде разоружан, ќе му биде одземено службеното оружје и ќе биде суспендиран до завршување на постапката.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
9мин
-
16мин
-
22мин
-
23мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5