Фото-МИА

Поглаварите Стефан и Порфириј служеа литургија во Крива Паланка со свештеници од бугарската и романската црква

Во чест на денешниот празник  свети Јоаким Осоговски, во манастирот кај Крива Паланка и денеска се слеа река верници што доаѓаат да се поклонат  на моштите на светителот. Во чест на празникот заедничка света архиерејска литургија служеа српскиот патријарх г.г.Порфириј и Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

– Од овој храм каде со векови се упатуваат молитви кон Христа за спасение на светот, за мир и единство во христовата црква, да го негуваме она што е најважно за секој верник, народ и поединец, а тоа е молитвата. Оној што се противи на заедништото, на светлината и единството, кажано е, се победува со молитва и пост. Тоа треба не само да го знаеме, туку и да го применуваме во животот. За тоа подобро место нема отколку ова свето место кај Свети Јоаким Осоговски каде со векови се упатуваат молитви. Молитвите кон Христа се најсилното оружје кое не спојува со Бог, кое милува и ги милува и другите кои ни се противат, оние кои се сметаат за нашти непријатели, бидеќи ние сите сме соединети во Христовата љубов и сме сите пријатели, порача во обраќањето до бројните верници српскиот патријарх г.г.Порфириј.

Фото-МИА

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан кажа дека обединувачката сила на Севишниот е голема, како и на  подвижниците, светите Јоаким Осоговски, Јован Рилски и Гаврил Лесновски, како што светиот Јоаким денеска ги обедини верниците од повеќе држави.

-Денешниот собир е пример  дека во црквата нема разлика меѓу народите зашто ист е Господ над сите, а покрај нас, домаќините сослужуваа свештеници до три помесни цркви, а голема чест ни е што ссслужуваше неговата светост, г.г. Порфириј. Освен архиереите ни сослужува и свештенослужителот од Романската православна црква, а празничната радост ја сподели и г.Јаков митрополит од сестринската Бугарска црква. Сите ние возљубени заедно со вас му благодариме на Бога да бидеме христови по име, мисла и дела, обиувајќи се да растеме во богољубието и човекољубието, редовно учествувајќи во верскиот живот на црквата, рече г.г. Стефан.

Фото-МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот