Михаило Подољак / Фото: ЕПА

Подољак негира вмешаност на Киев во убиството на Дугина: Руската пропаганда живее во измислен свет

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак реагираше на обвинувањата од страна на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) која тврди дека украинските специјални служби се оние кои стојат зад убиството на руската новинарка и политиколог Дарија Дугина. Тој изјави дека „руската пропаганда живее во измислен свет“.

– Руската пропаганда живее во измислен свет. Според нив, Украинка и нејзиното 12-годишно дете се виновни за кревањето во воздух на автомобилот на пропагандистот Дугина. Изненадувачки, не нашле естонска виза на лице место – објави Подољак на Твитер.

Како што наведе тој, „отровните змии во руските специјални служби започнаа борба меѓу себе“.

Руската Федерална служба за безбедност претходно соопшти дека зад убиството на Дугина стои украинската државјанка Наталија Вовк, која во Русија пристигнала на 23 јули 2022 година заедно со нејзината ќерка.

Според руската ФСБ, по убиството двете заминале во Естонија, преку регионот Псков, пренесе Интерфакс.

Руската ФСБ откри кој стои зад убиството на Дарија Дугина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот