EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Поднесен предлог за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јол

Јужнокорејските опозициски законодавци започнале процедура за импичмент против претседателот Јун Сук Јол поради неговиот неуспешен обид да наметне воена состојба објави ББС.

Земјата се разбуди со неизвесна реалност во среда, по ноќта на невидени сцени во кои Јун неочекувано наметна воена состојба, 190 законодавци се собраа да гласаат против неа, по што следеше укинување на одлуката околу шест часа подоцна.

По воведувањето на предлогот за импичмент, главната опозициска партија на Јужна Кореја, Демократската партија на Јужна Кореја, ја осудила првичната декларација за воена состојба на Јун како “бунтовничко однесување”.

Парламентот ќе мора да гласа дали да го отповика Јун до сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот