Фото: Пиксабеј

Подгответе се: Светското крстарење во траење од 111 дена започнува во јануари 2023 година

За само неколку илјади евра, можете да прошетате 6 континенти и да уживате на крузерот цели 111 дена…

Во текот на февруари „Princess Cruises“ објави дека започнува со продажба на билетите за прочуеното светско крстарење најавено за јануари 2023 година.

Патот од 111 дена започнува од Флорида и вклучува посета на 6 континенти.

„Princess Cruises“ ќе угости 2.214 патници, а на располагање ќе биде и пократко патување, кое ќе трае 97 дена, а во тој случај крстарењето ќе започнува од Лос Анџелес.

Крстарењето кое треба да започне во јануари 2023 година покрива дури 50 дестинации во 31 земја ширум Африка, Азија, Австралија, Европа, Јужна и Северна Америка.

Во Дубаи и Венеција се планирани застанувања со ноќевање, а на уште 10 други дестинации е предвиден и продолжен престој, пренесува „Travelweekly“.

Цените се движат од околу 16.000 евра по лице за 111-дневно патување, додека нешто помалку од 14.000 евра ќе чини крстарењето од 97 дена.

Со цел да ги поттикне заинтересираните да извршат рани резервации до 31-ви август, компанијата, нуди и врвен пакет со пијалоци, неограничен wi-fi, ваучер од 500 долари предвиден за трошење на бродот и 4 специјални опции за вечера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот