Сидни Свини и Доналд Трамп / Фото: Profimedia/EPA

Поддржувачите на Трамп ѝ аплаудираат на Сидни Свини: „Таа е вистинска Американка, вака изгледа совршена сопруга!“

Актерката Сидни Свини последниве денови се најде под лупа на јавноста откако сними реклама за модниот бренд „Американ игл“ и беше откриено дека е регистрирана како гласач на Републиканската партија. Обожавателите беа видно разочарани поради нејзината поддршка за Доналд Трамп, но затоа конзервативците ѝ изразија големо одобрување.

Откако беше потврдено дека уште од јуни 2024 година е членка на Републиканската партија, старо видео од 2019 година, на кое Свини пука на стрелиште, повторно стана вирално. Видеото го сподели компанијата за оружје „Таран тактикал иновајшнс“ на Инстаграм, паралелно со нејзината контроверзна реклама.

Свини тогаш напиша дека се подготвувала за нов проект, а видеото сега собра стотици нови коментари, главно од машка публика: „Материјал за сопруга 3000 отсто“, „Силните и самоуверени жени се најсекси“, „Одлично пукање, госпоѓице Свини“, „Ги сакаме овие вистински Американки“.

Дури и Доналд Трамп испрати поддршка. Во изјава за медиумите, откако дознал дека Свини е регистрирана републиканка, изјавил: „Сега ја обожавам нејзината реклама. Ќе се изненадите колку луѓе се републиканци. Не го знаев тоа, но ми е драго што ми кажавте. Ако Сидни Свини е републиканка, мислам дека нејзината реклама е фантастична“.

Ретко кој позитивно ја оцени рекламата што актерката ја сними за „Американ игл“. Таа промовира фармерки, а јавноста остро реагираше на слоганот и монологот што таа го изговори во видеото. Слоганот „Sydney Sweeney has great jeans“ (Сидни Свини има одлични фармерки) претставува игра на зборови со „jeans“ (фармерки) и „genes“ (гени), што многумина го протолкуваа како наратив за „генетската супериорност“ на русокосите и синооки жени.

Сидни Свини во рекламата на „Американ игл“ / Фото: American Eagle / Planet / Profimedia

Во еден дел од рекламата, Свини изјавува: „Гените се пренесуваат од родителите на децата, често одредувајќи карактеристики како боја на коса, личност, па дури и боја на очи. Моите фармерки се сини“. Следеше лавина реакции, при што некои обожаватели ја обвинија компанијата за промовирање на еугеника и дури „нацистичка пропаганда“.

Од „Американ игл“ реагираа со појаснување дека слоганот се однесува исклучиво на квалитетот на фармерките.

Сидни Свини сѐ уште нема дадено изјава ниту за рекламата, ниту за нејзината политичка припадност.

ВИДЕО | Сидни Свини во центарот на огромен скандал поради реклама за фармерки: „Ова е нацистичка пропаганда“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот