
Поддршката за Израел во Западна Европа никогаш помала
Според анкетата на YouGov, поддршката и симпатиите кон Израел во Западна Европа никогаш не биле помали, а помалку од една петтина од испитаниците во шест земји имаат позитивно мислење за Израел.
Препорачано
Во време кога преговорите за американскиот предлог за прекин на огнот продолжуваат, а израелската офанзива во Газа е интензивирана и придружена со блокада на хуманитарната помош, во Германија, Франција, Данска, Италија, Шпанија и Велика Британија, 63-70 проценти од испитаниците имаат неповолно мислење за Израел.
Анкетата покажа дека во сите шест земји, само Италија – 6% и Франција – 16% се согласиле дека Израел „имал право да испрати војници во Газа и дека генерално одговорил пропорционално на нападите на Хамас“, објави „Гардијан“.
Од друга страна, помеѓу 29 проценти од анкетираните во Италија и 40 отсто од анкетираните во Германија се согласуваат дека Израел „имал право да ја испрати војската во Газа, но дека отишол предалеку и предизвикал премногу цивилни жртви“.
Во исто време, помеѓу 12 проценти од испитаниците во Германија и 24 отсто во Италиј веруваат дека Израел воопшто не требало да влезе во Газа.
Анкетата, исто така, покажа дека сè помалку граѓани на Западна Европа сè уште мислат дека воените операции во Газа се оправдани – во Франција, Германија и Данска помалку од една четвртина, во Велика Британија помалку од една петтина и во Италија помалку од една десетина.
Процентот на испитаници кои сметаат дека нападите на Хамас во октомври 2023 година биле оправдани е сè уште мал во сите земји и се движи помеѓу 5 и 9 проценти.
Анкетата покажа дека помалку луѓе ја избираат страната на Израел – помеѓу 7 и 18 проценти рекле дека повеќе сочувствуваат со израелската страна, што е најниско во пет од шесте земји опфатени со истражувањето по нападот на Хамас во 2023 година. Од друга страна, симпатиите кон палестинската страна се зголемија во сите земји.
Исто така, мнозинството граѓани веруваат дека трајниот мир на Блискиот Исток е далеку, а најоптимисти се Французите кои сметаат дека тоа би можело да се случи во следните десет години, но сепак, само 29 проценти веруваат во тоа.