Поддршка од Блинкен и Шоле за македонските евроинтеграции

Соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава беа тема на разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Османи со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Како што соопшти МНР, во разговорите што се одржале на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, Шоле и Блинкен изразиле силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија што е споделен стратешки интерес на Северна Македонија и САД и влог во целокупната регионална стабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!