фото: EPA-EFE/FABIAN STRAUCH

Податок за неверување: Дали знаете кога последен пат Баерн го совлада Леверкузен?

Денеска ќе продолжат натпреварите од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите, а дербито се игра во Минхен, каде Баерн го пречекува Баер Леверкузен.

Интересно, ова е седми натпревар на Чаби Алонсо против неговиот поранешен клуб, а никогаш нема пораз од Баерн Минхен.

Чаби Алонсо во досегашните шест средби против Баерн забележа три победи и три ремија. Последен пат нерешено беше пред само три недели, во Леверкузен кога беше 0:0.

На тој дуел Баер беше многу подобар и поблиску до победа, но Баерн успеа да остане непоразен.

Тука има уште еден неверојатен податок – Баерн Минхен последен пат го совлада Баер Леверкузен на 30 септември 2022 година со 4:0 и тоа со Јулијан Нагелсман.

За Баерн тогаш играа: Нојер, Павар, Упамекано, Де Лихт, Дејвис, Кимих, Сабицер, Сане, Мане, Милер и Мусиала. На клупата за резерви беа Гнабри, Горецка, Чупо-Мотинг, Гравенберх и Мазрауи.

Оттогаш, од март 2023 година до денес, Леверкузен со Чаби Алонсо не знае пораз од Баерн.

Во ЛШ од 18.45 часот Феенорд е домаќин на Интер, додека од 21.00 часот се среќаваат Баерн Минхен – Баер Леверкузен, Бенфика – Барселона и ПСЖ – Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот