Почнува процесот на селекција, инвестициите не се откриваат

Десет различни пријави од компании, пристигнале до Владата за утврдување на статус на стратешки инвестициски проект. Не откривајќи за колкави инвестиции се работи, вицепремиерот Фатмир Битиќи, изјави, дека почнал процесот на селекција.

За стратешки проект се смета реализација на инвестиција од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

Новиот Закон за стратешки инвеститори стапи на сила на почетокот на 2020 година, а рокот за аплицирање, заврши пред една недела. Статусот на стратешки инвестиционен проект може да се добие за проекти во енергетика со инфраструктура, транспорт и телекомуникации, туризам, преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанство, прехранбена индустрија, здравство, индустриски и технолошки паркови, управување со отпадни води и отпад, информатичко-технолошки зони, спорт, наука и образование, градење на големи мултифункционални градежни комплекси. По исклучок, ваков статус може да имаат и инвестиции, кои надминуваат износ од 150 милиони евра, објави Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот