Висечки мост фото МИА

Почнува изградбата на првиот автомобилски висечки мост „Љубљанска”

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со првиот заменикпремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и заменикпретседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе направат увид на отпочнувањето на изградбата на мостот „Љубљанска”. 

– Се работи за прв автомобилски висечки мост во Скопје вреден шест милиони евра обезбедени од програмата ТАВ, кој ќе ги поврзува улиците „Илинденска” и „Скупи”, и Општина Карпош со општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со  јавноста.

На настанот во организација на Град Скопје, ќе присуствуваат и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и претставници од раководството на компанијата ТАВ, Метин Батак, Неџат Курт и Фатих Кан.

По увидотпредвидени се изјави за медиумите од страна на премиерот Зоран Заев и градоначалниците Шилегов и Богоев. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот