
Починала на ист начин како и нејзината мајка, а првиот бакнеж го имала на филм: Потресната судбина на Марија од „Жикина династија“
Српската актерка Риалда Кадриќ Шебек, позната по улогата на Марија од „Жикина династија“, почина ненадејно на 25 јануари 2021 година на 57-годишна возраст во Атина, не успевајќи да го сними планираното продолжение на култниот филм.
Препорачано

Таа го напуштила Белград во 1986 година и речиси три децении не се вратила во родниот град.
Риалда тогаш споделила со јавноста потресна исповед дека во текот на војната што ја погоди Југославија во раните деведесетти, нејзината мајка ненадејно починала.
„Бев во Лондон на усовршување на јазикот. Тој 16 јануари 1991 година, кога почна војната, мојата мајка ненадејно почина на улица во Белград. Седев во стан во Лондон, гледав вести, слушав за почетокот на војната, кога ме затекна таа вест. Аеродромот беше затворен и немав начин да се вратам дома. Бев многу приврзана за мајка ми, а бидејќи неа веќе ја немаше, а војната во поранешна Југославија се ширеше низ целата земја, одлучив да се вратам во Лондон и таму да започнам нов живот“, рекла своевремено Риалда, која никогаш не ја преболела смртта на мајка си, а и самата го доживеала истото.
Риалда раскажала дека ликот на Марија првпат го играла кога имала само 13 години и навела дека првиот бакнеж во животот го имала токму во ова легендарно филмско остварување.
„Првпат во животот се бакнав пред филмските камери. И секако дека ја одглумив таа зрелост, бидејќи сакав да покажам дека јас сето тоа го знам. Не советувам, пробајте без филмски камери“, изјавила тогаш актерката.
„Тоа што можеби изгледав позрело или тоа што некое дете и денес може да делува позрело, или интелектуално, не значи дека емотивно може тоа да го проследи“, раскажала во емисијата „Балканском улицом“.
Инаку, таа со години успешно се занимавала со психотерапија. По завршувањето на гимназија се запишала на студии по Светска книжевност во Белград. Со цел да го усоврши своето познавање на англискиот јазик, во 1984 година за првпат престојувала во Лондон.
Патот две години подоцна повторно ја однел во англиската престолнина, но тогаш останала повеќе од 30 години. Во меѓувреме, таа се преориентирала на психологијата, па станала лиценциран психотерапевт.
„Мојата улога е да стапам во контакт со клиентот во дијалог, истовремено следејќи ја динамиката на терапевтскиот однос и како несвесните појави се манифестираат во тој контекст. Ценам дека преземањето на првиот чекор може да биде збунувачки. Поради тоа сметам дека е важно да нагласам дека најмалку што можете да очекувате е пристап без осудување, строга доверливост и можност за разговор во безбедно опкружување“, навела Риалда во описот на својот начин на работа, која претежно се занимавала со психоанализа.
Кога станува збор за актерството, таа била на врвот на својата слава во средината на седумдесеттите, иако тогаш имала неполни 14 години. Филмот „Луди години“ (дел од „Жикина династија), ѝ донесе огромна популарност, по што снимила уште неколку продолженија.
Ненадејно почина Риалда Кадриќ: Ќе остане запаметена по улогата на Марија од „Жикина династија“