Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Починаа две родилки од ковид-19, едното бебе е критично

 Во изминатото денонокие починаа две родилки позитивни на ковид-19, кои овој месец беа породени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.  Една од родилките почина на КАРИЛ, а другата во ГОБ „8 Септември”, соопштија од Клиниката.

Едната почината родилка е 33-годишна жена од Делчево, второротка. Таа е породена термински со царски рез. Роди машко бебе од 3 200 грама кое во добра општа состојба веќе е испишано од ГАК со тежина од 2 900 грама.

Родилката беше примена на ГАК на 10 март во лоша состојба, фебрилна со 38,5 температура, со ниска сатурација и со кашлица. Таа беше породена на нашата клиника на 11 март и поради влошување на нејзината клиничка состојба, беше препратена на натамошно лекување во ГОБ „8 Септември”. Ден пред хоспитализација на ГАК, на 9 март родилката добила негативен PSR тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март и беше направен антигенски рапид тест кој покажа позитивен резултат.

Втората почината родилка е 32-годишна скопјанка, второротка, која беше породена на ГАК со царски рез, во 30-та недела од бременоста.

Родилката на ГАК беше донесена од Инфективната клиника во Скопје на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата состојба, беше препратена на интензивно лекување на КАРИЛ. Нејзиното предвремено родено бебе е женско, кое сѐ уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК и е респираторно зависно, стои во соопштението од Клиниката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот