АББА / Фото: ROGER TURESSON / AFP / Profimedia

Почина Роџер Палм, поранешниот член на популарната група „АББА“

Поранешниот тапанар на познатата шведска група „АББА“, Роџер Палм, почина на 75-годишна возраст, пишува „Афтонбладет“.

„Легендарниот тапанар почина во саботата од Алцхајмерова болест“, пишува шведскиот весник.

Семејството го опиша Палм како топла и скромна личност и како некој кој секогаш бил тука за своето семејство и пријателите.

Роден во 1949 година, Палм свиреше во бендовите „Гимикс, „Битмејкерс“, „Мунлајтерс“, но стана познат како тапанар на „АББА“.

Со негово учество беа снимени хитовите „Dancing Queen“, „Mamma Mia“, „Take a Chance on Me“ и „Thank You for the Music“.

„AББA“ со барање до Трамп: „Не ја користи нашата музика на предизборните митинзи“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот