Коле Манев

Почина познатиот уметник и филмски автор Коле Манев

Коле Манев, познатиот македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, почина денеска на 83-годишна возраст.

Карактеристично за целото творештво и уметничкото дејствување на Коле Манев е нишката на болката и страдањата на бегалците од Егејска Македонија.

Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Toj е еден од групата македонски сликари, протерани од своите домови во Егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1948 година. Се школувал во Скопје и во Белград. Студирал и во Париз и присуствувал на предавања во Прага за анимиран филм. Имал повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, Франција и земјите од регионот. Манев во 2012 година изложи 29 слики во новиот мултимедијален центар „Хаус ексклузив“.

Во 2006 година, Манев го добива одликувањето на Француската амбасада „Почесен витез на уметноста“ што им се доделува на заслужни уметници за ангажман во областа на културата. Една негова слика го краси фоајето во Собранието кон Кабинетот на претседателот на законодавниот дом. Во 2001 година, за време на годишната прослава на Денот на македонската револуционерна борба на 23 октомври, Собранието на Манев му ја додели националната награда „23 Октомври“.

Тој има снимено и два играни филмови, по негово сценарио и режија „Мост“ (2006) и „Еко Скоп“ (2022).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот