Почина писателот Цане Андреевски

На 94-години денеска во Скопје почина писателот Цане Андреевски. Роден е 1930 година во Кратово каде што завршил основно училиште, а во Скопје завршил Учителска школа и Филозофски факултет.

Последна почит на Цане Андреевски ќе му биде оддадена во понеделник, 7 јули, во капелата на градските гробишта Бутел, од 10 до 10.30 часот.

„Прозаист и поет од постарата генерација македонски книжевни автори, кој со својата поезија ќе остане запаметен како „поетот на добрината“. Неговите авторски инспирации беа широки. Од творештвото за деца ќе останат запаметени збирките поезија Сончева порака – 1951, Што има ново – 1959, Планета со петел – 1976, Шинато уво – 1989; расказите за деца „Јаготки“ – 1955, Нашите први учители – 1982, Дарби – 1990, Белата мечка, синиот кит и другите – 1998, Малата голема точка – 2005, од поезијата за возрасни: Добрина – 1956, Свечености – 1964, Сребрен поток – 1969, Врски – 1982. Во 2007 година стана еден од првите македонски поети кој се испроба и во хаику-поезијата преку збирката „Дождот“. Особено значаен се смета неговиот придонес преку биографските разговори со Блаже Конески и со Илија Милчин“, соопшти семејството на Андреевски.

Цане Андреевски е добитник на наградата „Кочо Рацин“, на РТВ Скопје на Струшките вечери на поезијата, како и на „Книжевен жезол“ во 2016 година.

Последна почит на Цане Андреевски ќе му биде оддадена во понеделник, 7 јули, во капелата на градските гробишта Бутел, од 10 до 10.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот