Фотографот Мохамед Ал-Халди/Фото: Икс

Почина палестински фоторепортер кој бил заедно со екипата на Ал Џезира која беше цел на израелски напад во Газа

Палестински новинар почина од повредите здобиени во израелскиот напад врз шаторот што го користела катарската телевизиска мрежа Ал Џезира во Газа https://www.slobodenpecat.mk/video-vo-gaza-vo-izraelski-napad-zagina-ekipa-na-al-dzhezira-izrael-tvrdi-deka-dopisnikot-bil-terorist/во неделата вечерта, со што бројот на жртви се искачи на шест, соопшти локалната Цивилна одбрана и болнички службеник.

„Фотографот Мохамед Ал-Халди почина од повредите (…). Со ова бројот на жртви од нападот се искачи на шест“, по што Ал Џезира објави за смртта на двајца новинари и тројца сниматели, изјави за АФП портпаролот на Цивилната одбрана на Појасот Газа, Махмуд Басал.

Мохамед Ал-Халди беше фриленс новинар кој повремено работеше со локалните медиуми.

Директорот на болницата Ал-Шифа, во близина на местото каде што беше поставен шаторот, Мохамед Абу Салмија, утрово ја потврди смртта на ал-Халди „како резултат на неговите повреди“.

Меѓу жртвите на нападот беше и добро познатиот новинар на Ал-Џазира, Анас ал-Шариф , 28, кого израелската армија соопшти дека го нападнала како „терорист“.

Другите загинати се дописникот Мохамед Курајка и снимателите Ибрахим Захер, Мохамед Нуфал и Моамен Алива. Нивните имиња се приклучуваат на списокот од речиси 200 новинари, според РСФ, кои беа убиени во војната започната како одмазда за крвавиот напад на палестинската организација Хамас на 7 октомври 2023 година.

ВИДЕО | Во Газа во израелски напад загина екипа на Ал Џезира, Израел тврди дека дописникот бил терорист

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот