Фотографија: Instagram

Почина наводната жртва на Кевин Спејси, ништо од судењето!

Американскиот актер Кевин Спејси (60), сепак го избегна судењето кое можеше да докаже дека е сексуален престапник. Наводната жртва која прва истапи во јавноста и го пријави Спејси за вознемирување и присилување на орален секс, почина.

Ненадејната смрт на анонимната жртва значи дека овој случај се повлекува од судот, а Спејси има една тужба помалку. Починатиот масер е само една од жртвите која го пријави познатиот актер во бранот на #MeToo движењето кое го зафати Холивуд уште пред неколку години.

Profimedia

Во октомври 2017 година, актерот од Стар Трек, Ентони Рап (48) го пријави Спејси дека се обидел да го заведе уште во 1986 година. Реп тогаш имал 14 години, а Спејси 26. Актерот изјавил дека не се сеќава на тој инцидент со Реп и се извинува за своето „пијано“ однесување. При таа прилика тој искористил и за прв пат да каже дека е хомосексуалец.

Facebook

Неколку жртви на Спејси одлучиле да истапат и да го пријават на полицијата која го довела до судски постапки. Некој од нив завршиле неуспешно, како оној во септември минатата година кој беше одбиен. Се работеше за пријава во врска со злоставување кое наводно се случило во 1992 година. Оваа година, Скотланд Јард го испраша Спејси за 6 различни случаеви поврзани со сексуално вознемирување.

Profimedia

Спејси живееше во Лондон помеѓу 2003 и 2015 поради работата како директор во театар. Од малиот театар накнадно објавиле дека имале повеќе од 20 пријави за вознемирување против Спејси додека бил нивни директор. Тој ги негирал сите обвинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот