
Почина Мајкл Б. Третов, легендарниот член на АББА
Мајкл Б. Третов, легендарниот тонски инженер кој беше клучна фигура во обликувањето на уникатниот звук на АББА, почина на 80-годишна возраст. Неговото семејство ја потврди тажната вест.
Препорачано
Третов беше гигант на шведската музичка сцена – не само како тон-мајстор за бендот АББА , туку и како музичар. Сите четири члена на иконскиот бенд на Евровизија дадоа емотивни изјави во врска со неговата смрт, пишува „Мирор“.
Бени Андерсон рече: „На нас четворицата во АББА ни значеше повеќе од кој било друг. Се надевам и верувам дека го чувствуваше тоа во текот на сите години што поминаа откако работевме (и постојано се смеевме) во студиото. Нашата музика, се чини, живее, а ти си тој што ја направи безвременска. Беше фантастичен инспиратор и создавач на радост. И најдобриот звучен инженер што светот некогаш го видел. Ми недостигаш. И ги зачував сите твои кокосови ореви!“
Третов продуцирал голем број легендарни песни на ABBA, вклучувајќи ги „Ring Ring“, „Waterloo“ и „Super Trouper“.
Карактеристично за неговиот стил беше миксот на тапани со акцент на томовите, додека тој ја изоставал чинелата бидејќи сметал дека го задушува остатокот од аранжманот.
Мајкл беше пионер во начинот на кој снимаше пијано – користејќи три микрофони, што беше невообичаено во тоа време. Притоа, тој создаде богат и слоевит звук на пијано кој е препознатлив во песни како „Mamma Mia“, „SOS“ и „Ring Ring“.
„Неговиот придонес кон АББА не може да се прецени“, изјави еднаш Бјорн, додека шведските медиуми, вклучувајќи го и „Сведиш Хералд“, истакнаа дека Третов го создал автентичниот звук на АББА додека работел како тонски инженер во студиото „Метроном“ во 1970-тите.
Тој работеше на сите албуми на АББА, освен на „Voyage“ од 2021 година.