Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Почина мајката на Никол Кидман, актерката ја доби тажната вест еден час пред да ѝ биде доделена важна награда во Венеција

Австралиската актерка Никол Кидман ја доби наградата за најдобра женска улога на Венецијанскиот филмски фестивал, каде што се претстави со еротскиот трилер „Малечка“ („Babaygirl“).

Сепак, Кидман лично не ја прими наградата бидејќи нејзината мајка Жанел почина на 83-годишна возраст додека актерката  била во Венеција, пишува „Дејли мејл“.

„Денес пристигнав во Венеција и набргу дознав дека мојата прекрасна, храбра мајка Жанел Ен Кидман штотуку починала.

Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа – таа ме обликуваше, таа ме водеше, таа ме создаде.

Исклучително сум благодарна што можам да го изговорам нејзиното име преку Халина.

Судирот меѓу животот и уметноста е тежок, а моето срце е скршено.

Ве сакам сите“, гласеше изјавата на Кидман, која ја прочита режисерката на филмот – Халина Хејн.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Инаку, Жанел, која имаше многу блиска врска со својата позната ќерка, имаше здравствени проблеми и оттогаш актерката се грижеше за неа.

„Бидејќи сме блиски, можам да го видам светот низ очите на 81-годишна жена. Таа е многу директна и многу искрена и затоа добивам пристап до светот преку нејзините очи, очите на мајка ми“, изјави Кидман во едно интервју пред две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот