Љубиша Милиќ - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Почина Љубиша Милиќ, основачот на „Седморица младих“

Љубиша Милиќ, еден од основачите на легендарната група „Седморица младих“, почина денес на 86-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Милиќ е роден на 4 август 1939 година во Крагуевац, каде што завршил средно училиште, а во 1958 година се преселил во Белград. Се запишал на студии по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет.

Како млад човек почнал да свири тромбон, а во Белград две години посетувал музичко училиште „Јосип Славенски“, каде што го усовршил свирењето на тој инструмент.

Во 1959 година, тој беше еден од иницијаторите за основање на оркестарот „Седморица младих“, кој настапуваше континуирано во следните 30 години и стекна голема популарност на југословенската музичка и забавна сцена.

Публиката за првпат ги забележа на Првиот југословенски џез фестивал во Блед, по што нивната кариера тргна по нагорна линија.

Тие снимија бројни плочи и ТВ емисии, настапуваа низ цела Европа, а еднаш ги посетија и САД. Кога ќе се соберат нивните настапи во поранешниот СССР, тие поминаа вкупно три години таму. Ја претставуваа Југословенската радиотелевизија на престижниот ТВ фестивал во Монтре.

Љуба Милиќ беше тој што ги напиша повеќето аранжмани за нивните најпознати песни.

Со текот на годините, оркестарот се здоби со статус на истакнати уметници и освои бројни награди, меѓу кои „Златни Беочуг“ на градот Белград, Југословенската награда за естрада и Белградската плакета по повод 40-годишнината од ослободувањето на градот. Добитници се на бројни награди и благодарници за хуманитарни концерти.

Оркестарот „Седморица младих“ се распадна во 1991 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!