
Почина легендарниот шпански режисер Карлос Саура
Шпанскиот режисер Карлос Саура почина на 91- годишна возраст, еден ден пред да ја добие наградата Гоја за животно дело, шпанската верзија на Оскарите. Саура го предводеше будењето на шпанскиот уметнички филм по децении фашистичка диктатура под Франциско Франко и ја плени меѓународната публика со страсни фламенко кореографски драми.
Препорачано
View this post on Instagram
Запознал да се занимава со фотографија и аматерски филм, а во 1957 година дипломира на Институтот за кинематографски истражувања во Мадрид каде што подоцна и предава.
View this post on Instagram
Роден во Хуеска во североисточна Шпанија во 1932, детството на Саура беше уништено од шпанската граѓанска војна која започна четири години подоцна. Неговиот татко бил даночен службеник за републиканската влада, а семејството постојано било принудено да се сели додека напредувале франкоистичките сили.
View this post on Instagram
Граѓанската војна неизбежно остави свој белег на неговата работа: неговиот филм „Лов“ од 1966, кој ја освои неговата прва голема награда на филмскиот фестивал во Берлин, беше за група поранешни франкоистички војници кои на крајот се расправаат, а потоа убиваат меѓусебно при лов на зајаци. „Братучетката Ангелика“ во 1974 беше пречекан со протести од десничарите оти главниот лик ги преживуваше искуствата од времето на граѓанската војна, а киното во Барселона каде што се прикажуваше беше бомбардирано со молотови коктели. „Кренете се гаврани“ беше снимен во 1975 додека Франко сè уште беше жив, но излезе во 1976 по неговата смрт и беше симболичното прикажување на животот под диктатура.
View this post on Instagram
Актерот Антонио Бандерас, кој игра во два од филмовите на Саура, трилерот за одмазда од 1993 „Бес“ и драмата за опсесивна љубов „Лос Занкос“ од 1984, се збогуваше со режисерот:
„Со Карлос Саура умира неверојатно важен дел од историјата на шпанската кинематографија. Зад себе остава опус што е незаменлив кога станува збор за длабокоумно размислување за тоа како се однесуваат луѓето. Почивај во мир, пријателе”. Шпанскиот премиер Педро Санчез додаде: „Неговиот талент е, и секогаш ќе биде, културно наследство на нашата историја благодарение на незаборавните филмови како што е ‘Ај Кармела“ и ‘Братучетката Ангелика’. Се збогуваме со режисерот на имагинацијата, но неговото дело ќе остане со нас“ – напиша актерот.
View this post on Instagram
Целиот негов опус, низ специфична надреалистичка поетика и црн хумор во кој се мешаат фактите и фикцијата, е насочен кон деконструкција на наследените културни влијанија и врз препрочитување и редефинирање на шпанските историја и културно наследство.