Доналд Сатерленд / Фото: EPA/WILL OLIVER

Почина легендарниот актер Доналд Сатерленд на 88-годишна возраст по долго боледување

Легендарниот холивудски актер Доналд Сатерленд, чија кариера се протегаше од 1970-тите до 2020-тите, почина на 88-годишна возраст по долго боледување во Мајами, пренесуваат странските медиуми.

Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди и неговиот син, актерот Кифер Сатерленд.

„Со тешко срце ви кажувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Мислам дека тој е еден од најважните актери во историјата на кинематографијата. Го сакаше тоа што го правеше и го правеше тоа што го сакаше, а повеќе од тоа не можете да барате“, напиша Кифер.

Сатерленд стана икона со филмовите како „Валканата дузина“, „МАШ“, „Клут“ и „Не гледај сега“, и уживаше во плодна и широката кариера со филмовите, вклучувајќи ги „Обичните луѓе“ и „Без граници“. Повеќе од половина век, актерот добитник на Еми и Златен глобус незаборавно глумеше негативци, антихерои, романтични главни личности и фигури на ментори. Неговата биографија неодамна се зголеми и со неговата споредна улога во франшизата „Игри на гладта“.

Важеше за еден од најголемите актери кој никогаш не беше номиниран за Оскар за некоја од неговите улоги, а дури во 2017 година доби почесна статуетка.

Сатерленд зад себе ги остави неговата сопруга Франсин Рацет, синовите Рог, Росиф, Ангус и Кифер, ќерката Рејчел и четири внуци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!