Фото: БЕТА

Почина контроверзниот српски политичар Драган Марковиќ Палма

Претседателот на партијата Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, почина денеска на 65-годишна возраст, објавија српските медиуми.

Драган Марковиќ е прогласен за најдобар српски претприемач во 1994 година, а за најдобар југословенски менаџер во 1995 година. Пратеник бил во пет мандати, а во 2003 година беше пратеник и во Сојузното собрание на Србија и Црна Гора.

Тој е основач и претседател на партијата Единствена Србија. Од 2004 година е на чело на градот Јагодина, каде што владееше две децении.

Марковиќ е познат и по долгогодишната соработка со СПС и нивниот лидер Ивица Дачиќ.

„Вечерва останав без својот брат, пријател и соборец Драган Марковиќ Палма. Му благодарам за се што заедно направивме во интерес на Србија. Искрено сочувство до семејството, членовите на Единствена Србија и до сите пријатели. Не стигнавме да се поздравиме, но тој зне дека никогаш не се разделуваме. Почивај во мир, брату мој роден“, напиша Дачиќ на социјалните мрежи.

Претприемачот од Јагодина, за чие име се врзуваа безброј скандали, во политиката првпат се вклучи во 1993 година, кога со Жељко Ражнатовиќ Аркан и Борислав Пелевиќ ја основа Партијата на српското единство.

Пред три години, Палма беше вмешан во случај со подведување малолетници, но тоа никогаш не најде епилог пред правосудните органи.

ЕДИНСТВЕНО ВО СВЕТ: Палма отвори јавен тоалет во нива (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот