Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Почина Карло Амброзини, еден од карикатуристите на култниот стрип „Дилан Дог“

Карло Амброзини, еден од најпознатите и најзначајните карикатуристи и творец на ликовите во култниот стрип „Дилан Дог“, почина на 1 ноември на 70-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави издавачката куќа Бонели.

Тој беше карикатурист и цртач на стрипови, кој ќе остане запаметен како творец на ликовите Наполеоне и Јан Дикс, како и бројните авантури на Дилан Дог и други книги и антологии на кои работел за оваа издавачка куќа.

Амброзини е роден во провинцијата Бреша во 1954 година, а својот талент го открил уште како дете. Завршил уметничко училиште, а потоа и Академија за ликовни уметности во Брера, каде што се префрлил на сликарството. Сепак, на крајот решил да се посвети на илустрациите за да заработи за живот.

Почнал да се занимава со илустрации за стрипови во 70-тите години на минатиот век, по што набрзо станал познат. Сепак, самиот Амброзини изјавил дека неговата кариера започнала во 1980 година кога работел како карикатурист во весникот „Цепим“.

Тој беше меѓу првите уметници кои се приклучија на создавањето на култното куче Дилан Дог, каде што дебитираше во 15-тиот број „Канал 666“. Со текот на годините, Амброзини почна да пишува и сценарија за „Индагаторе дел’ Инкубо“, сѐ додека во 1997 година не беше целосно окупиран од неговата прва лична креација во Бонели, која секако беше ликот на Наполеоне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!