Исмаил Кадаре и градоначалникот на Тетово Билал Касами/Фото: Фејсбук

Почина Исмаил Кадаре, истакнат албански писател и почесен граѓанин на Тетово

Исмаил Кандаре, најистакнатиот современ албански писател, почина утринава во 88-та година од животот, информираат за АФП неговиот издавач и болница.

Кадаре, кој се спротивстави на режимот на Енвер Хоџа, доживеа срцев удар, соопштија од болницата во Тирана.

Тој беше пренесен во болница „без витални знаци“, лекарите се обидоа да го оживеат, но почина околу 8:40 часот по локално време, соопшти болницата.

Роден е во Ѓирокастро на 28 јануари 1936 година.

Кадаре ја започнува својата литературна кариера како поет во 1950-тите години. Во шеесеттите, тој ја пренасочува својата креативна енергија кон прозата и многу скоро станува нејзин неоспорен мајстор и најпопуларен албански писател. Во 1992, е награден со Prix mondial Cino Del Duca, а во 2005 ја освојува првата награда на Man Booker International и неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда.

Неговите дела се преведени на 50 светски јазици. Член е на француската академија, како и на уште неколку други значајни светски институции и асоцијации. Досега има објавено десетина книги поезија, раскази и романи и есеи, од кои најпознато дело му е романот „Генералот на мртвата војска“. Живееше во Париз.

Во ноември 2022 година во Тетово на свечена академија, Исмаил Кадаре, беше прогласен за почесен граѓанин на градот, а признанието му го додели градоначалникот Билал Касами.

Тетово е „најпознатиот илиро-албански град на светот“, рече писателот Кадаре откако го прогласија за почесен граѓанин

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, реагираше за загубата на најголемиот албански писател Исмаил Кадаре.

Преку објава Османи наведува дека народот на Косово како и целиот албански народ е во жалост. Таа вели дека денеска загубивме неповторлив писател на кој пред неколку години таа му го предаде државјанството на Косово, како и орденот „Хасан Приштина“.

Претседателката пишува дека делата на Кадаре ќе останат во срцата на секој Албанец, на народот на кој му служел до последниот здив.

Сочуство до семејството на Кадаре испрати и претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета. Тој рече дека албанската нација го загубила големиот гениј на буквите.

„Исмаил Кадаре за Албанците беше светлина на надежта во еден од најтемните периоди во земјата, универзалниот глас против тоталитаризмот, светол симбол на нашиот европска потоказ, кому засекогаш ќе му бидеме благодарни со книжевните ремек-дела оставени зад нас“, напиша Мета во телеграмата со сочуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!