Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Ви препорачуваме
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Почина индискиот магнат Субрата Рој кого Груевски го промовираше како голем инвеститор
Субрата Рој, контроверзниот индиски бизнисмен кого владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски го доведе во Македонија како голем инвеститор, почина на 75 години по долго боледување.
Препорачано
Тој бил примен во болница во неделата откако му се влошила состојбата поради бројните здравствени проблеми, објавуваат медиумите во светот.
Како што потсетуваат медиумите, во 2014 година Врховниот суд на Индија наредил притворање на Субрата Рој поради спор со Одборот за хартии од вредност на Индија, што довело до долга судска битка, по која завршил и во затвор.
Субрата Рој се појави во Македонија во првата половина на 2010-ите, при што се поврзуваше со градење на голем туристички комплекс во Љубаништа и со купување на агрокомбинатот „Џумајлија“, а како потсетник на него остана недовршениот споменик на Мајка Тереза на плоштад Македонија во Скопје, што од владата на ВМРО-ДПМНЕ беше претставуван како негова донација.
Роден во 1948 година, Субрата Рој изгради големо деловно царство кое опфаќаше разни сектори, како финансии, недвижности, медиуми и хотелиерство. Неговиот деловен подем почнал со преземањето на компанијата „Сахара фајненс“ во средина на 1970-ите, која потоа ја трансформирал во најголемиот индиски конгломерат „Сахара груп“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
24мин
-
26мин
-
31мин
-
52мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5