Роберт Редфорд - Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Почина холивудската актерска и режисерска икона Роберт Редфорд

Роберт Редфорд, легендарниот актер и режисер кој ја освои публиката со својот шарм и харизма, почина во вторник наутро во својот дом во американската држава Јута. Имаше 89 години. Неговата публицистка Синди Бергер потврди дека починал мирно, во сон, во својот дом во планините на Јута, опкружен со своето семејство.

Роберт Редфорд, згодниот актер и режисер добитник на Оскар го напушти својот статус на холивудски главен актер за да се залага за каузи блиски до него.

„Роберт Редфорд почина на 16 септември 2025 година, во својот дом во Санденс во планините на Јута – местото што го сакаше, опкружен со оние што ги сакаше. Многу ќе ни недостига. Семејството бара приватност.“, рече Бергер во изјава за „Си-ен-ен“.

Познат по своите главни улоги во „Буч Касиди и Санденс Кид“ и „Сите луѓе на претседателот“, Редфорд режираше и наградувани филмови како што се „Обични луѓе“ и „Река тече низ неа“.

Се прослави со улогите во „Буч Касиди и Санденс Кид“, „Стинг“, „Три дена на Кондор“, „Сите луѓе на претседателот“, „Мојата Африка“, „Неморална понуда“ и бројни други филмови.

Тој освои Оскар за режија на „Обични луѓе“, а својата единствена номинација за Оскар ја доби за улогата во филмот „Убодот“ од 1973 година, шега за двајца измамници од ерата на Големата депресија.

Неговото последно појавување пред камерата се случи во март 2025 година, со неочекувано учество во драмската серија „Темни ветрови“. Редфорд се појави на премиерата на третата сезона, во кратка сцена без зборови, каде што играше затвореник кој игра шах во ќелија, спроти авторот Џорџ Р.Р. Мартин, кој исто така учествуваше како гостин. Оваа камео улога предизвика емоции кај гледачите, бидејќи дојде по шест години молк и се сметаше за симболично збогување.

Сцената, како што објави списанието „Пипл“, е снимена во целосна изолација, на лично барање на актерот. Немаше дијалог, немаше музика – само тивко присуство на човек кој веќе се збогуваше со глумата.

Роберт Редфорд официјално објави во 2018 година дека „Старецот и пиштолот“ ќе биде неговиот последен филм, наведувајќи: „Мислев дека можеби е подобро да престанам додека сè уште сум напред. Чувствував дека дојде времето .“ Иако подоцна призна дека можеби било грешка што го кажал тоа толку категорично, тој потврди дека нема намера да ја продолжи својата актерска кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот