Фото: Profimedia

Почина актерот Мајкл Њуман, најпознат по улогата во култната серија „Чувари на плажата“

Американскиот актер Мајкл Њуман, најпознат по улогата во серијата „Чувари на плажата“ („Baywatch“), почина на 69-годишна возраст. Тој 18 години се бореше со Паркинсова болест.

Тажната вест ја потврди неговиот близок пријател Метју Фелкер. Тој изјави дека поминувал време со Њуман во последните денови од неговиот живот и дека му ги читал писмата од неговите пријатели и поранешни колеги.

„Тој знаеше дека е сакан. Јас изгубив пријател. Херој. Мојот херој“, напиша Фелкер.

Во изјава за списанието „Пипл“, Фелкер рече дека Њуман починал во неделата од „срцеви компликации“, но во последните моменти бил опкружен со пријателите и семејството.

На Њуман му беше дијагностицирана Паркинсонова болест на 50-годишна возраст, а потоа во повеќе документарни филмови зборуваше за својата борба со тешката болест.

Исто така, во последните години, тој собираше пари за фондацијата на актерот Мајкл Џеј Фокс, за да помогне да се најде лек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот