Фото: Profimedia

Почина актерката Кирсти Ели по тешка битка со ракот

Актерката Кирсти Eли почина на 71-годишна возраст, по тешка и приватна битка со ракот, пишува „Ти-ем-зи“.

Тажната вест ја споделија нејзините деца Вилијам Тру и Лили Прајс со официјално соопштение на социјалната мрежа Твитер.

„Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна и сакана мајка почина по битката со ракот, кој неодамна беше откриен.

Таа беше опкружена со нејзиното најблиско семејство и се бореше со неверојатна сила, оставајќи нѐ сигурни во нејзината бескрајна радост за животот и за сите авантури кои претстојат. Колку и да беше легендарна на екранот, таа беше уште поневеројатна мајка и баба.

Ние сме благодарни на неверојатниот тим лекари и медицински сестри во Центарот за рак во Мофит за нивната грижа.

Нејзината страст за животот, за нејзините деца и внуци и за нејзините многубројни животни, а да не ја спомнуваме нејзината вечна радост за создавањето нови дела, нѐ инспирираат да го живееме животот по потполност, исто како што живееше и таа“, пишуваат нејзините деца.

Сѐ уште не се знае точниот тип рак со кој се соочувала актерката.

Кирсти Eли стана светски позната со улогата Ребека во комичната серија „Cheers“, која ѝ донесе и престижни телевизиски награди како Еми и Златен глобус.

Исто така, нејзините обожаватели ќе ја паметат по улогите во филмовите „Look Who’s Talking“, „Star Trek II: The Wrath of Khan“, „It Takes Two“ и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!