Почеток на производство на електрични камиони во фабрика на „МАН“ / Фото: mantruckandbus.com

Почеток на нова ера: Гигантот „МАН“ сега прави електрични камиони, на иста лента со „дизелашите“

Гигантот во индустријата за производство на тешки возила за патиштата, германската компанија „МАН“, го одбележа почетокот на новата ера во транспортната индустрија со стартот на сериското производство на електрични камиони во својата фабрика во Минхен.

Ова е клучна пресвртница во процесот на електрификација на тешкиот транспорт, бидејќи електричните и конвенционалните модели сега се склопуваат на иста производна лента, соопшти компанијата.

„МАН“ инвестирал околу милијарда евра во модернизација на производните капацитети низ Европа, особено во Германија. Михаел Кобригер, еден од клучните луѓе во компанијата, изјави дека ова претставува јасна порака за индустриската политика на Баварија, која активно ја води трансформацијата и во Минхен и во Нирнберг.

Флексибилната производствена линија има капацитет од 100 камиони дневно, независно од погонскиот систем. Еден камион се произведува за околу осум часа, при што купувачите можат да добијат возило целосно приспособено на нивните барања.

Електричните камиони се опремени со две батерии под кабината и други електрични компоненти, што ги разликува од традиционалните модели со мотори со внатрешно согорување и издувни системи. Производството на новите батерии од тип NMC се одвива во фабриката на MAN во Нирнберг, а камионите располагаат со комбиниран капацитет од 534 kWh, доволен за автономија до 500 километри. Со дополнителен седми батериски модул, автономијата може да достигне и до 740 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот