Меган Маркл и татко ѝ Томас - Фото: Принтскрин

По земјотресот на Филипините таткото на Меган Маркл е заробен на 19-ти кат: Полусестрата ја обвинува војвотката

Таткото на Меган Маркл, Томас, се нашол во драматична ситуација на Филипините по силниот земјотрес. Неговата ќерка Саманта тврди дека тој бил заробен во својот стан, пренесува „Индепендент“.

„Мојот татко е заглавен на 19-ти кат од зграда на Филипините по силен земјотрес, не може да оди и е заробен. Срам да ѝ е на мојата одвратна, зла, е**на сестра што го става нашиот татко во оваа положба. Се надевам дека е проколната“, напишала Саманта Маркл на социјалната мрежа Икс.

 

Фото: Принтскрин/ Икс

Саманта не навлегуваше во детали, но рече дека ја смета својата полусестра Меган Маркл за одговорна за ситуацијата, нагласувајќи дека нивната разделба трае од 2018 година, кога Меган се омажи за принцот Хари.

Не е познато зошто Томас, кој живее во Росарито, Мексико, бил на Филипините во времето на земјотресот. Поранешниот техничар за осветлување во Холивуд се борел со здравствени проблеми во последните години, вклучувајќи го и тешкиот мозочен удар во 2022 година што значително влијаел на неговиот говор и подвижност.

Меган Маркл и нејзиниот татко Томас имаат нестабилна врска уште од пред нејзината свадба. Според неа, тие повеќе не се добри поради наместените папарацо фотографии што ги дозволил нејзиниот татко и серијата интервјуа за нејзиниот приватен живот, кои ја нарушија довербата и трајно ја оштетија нивната врска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот